Home INFO Совети за возење во услови на магла

Совети за возење во услови на магла

реклама:Велигден со Стаф

Маглата е една од најчестите причини за сообраќајните незгоди. Taa го отежнува сообраќајот и ја намалува видливоста кај учесниците во истиот.

Маглата претставува облак којшто ја допира површината на Земјата. За да се појави магла, потребна е повисока влажност на воздухот.

Во случај на густа магла, следете ги следните неколку совети за безбедно возење:

Брзината на движење прилагодете ја пропорционално со намалената видливост на патот, односно возете со брзина со којашто ќе можете да застанете пред која било препрека што ќе ја забележите. Доколку должината на вашето видно поле изнесува околу 50 метри, тогаш, брзината на движењето на возилото треба да е најмногу до 50км/ч.

Не правете нагли промени на правецот на движење и не кочете нагло, бидејќи поради маглата, патот може да биде влажен или лизгав.

Не користете долги светла. При нивно користење во случај на густа магла, светлината се рефлектира од молекулите на водата во воздухот, а тоа дополнително ја намалува видливоста.

Возете со кратки светла и употребувајте ги светлата за магла. Но, откако ќе се подобри видливоста на патот, не заборавајте да ги исклучите задните светла за магла, бидејќи тие ја загрозуваат безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------