Home INFO Спектакл во Кавадарци, навивачката група “ЛОЗАРИ ИСТОК” го прослави 30-от роденден...

Спектакл во Кавадарци, навивачката група “ЛОЗАРИ ИСТОК” го прослави 30-от роденден (видео)

реклама:

Вчеравечер во Кавадарци, на неверојатно спектакуларен начин, навивачката група “Лозари Исток“го прослави својот 30-ти роденден.

Прославата започна во 22 часот, со спектакуларно пиротехничко шоу.

Настанот во живо го пренесуваше локалната ТВ РТК, а набрзо социјалните мрежи беа преплавени со видеа од спектакуларниот огномет.

Оваа сезона клубот ФК Тиквеш го обезбди и пласманот во првата македонска фудбалска лига па Лозари и кавадарчани имаа дупла причина за славење.

Организацијата на пиротехничкото шоу траела три месеци, а граѓаните сведочеа на спектакуларен настан кој досега можеше да се види само во најголемите светски метрополи.

Неодамна, по повод нивното долгогодишно функционирање и во знак на благодарност за несебичната поддршка и посветеност на сите натпревари, Компанијата Кожувчанка, во име на цел регион им оддаде почит на “Лозари Исток” преку лансирање на лимитиран дизајн на лименка од познатиот бренд Наше Македонско пиво.

Ајдуци, Ретки билки, Лозари, Ултра Кру, Ултра Дринкерс, 12 Бригада, Наш`то маало и останати – Среќен роденден дечки, се гледаме на истокот!

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------