АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!
Getting your Trinity Audio player ready...

Српското Министерство за внатрешни работи соопштува дека две засега непознати лица, со закани со нож и огнено оружје, во раните утрински часови во Белград го киднапирале македонскиот пејач Даниел Кајмакоски и од него изнудувале пари.

Според официјалното соопштение, киднапирањето се случува во Караѓорѓева улица во Белград, по што осомничените го однеле оштетениот во неговото возило. По полициска потера, возилото е запрено на територијата на општина Рума, каде што полицијата го затекнува Кајмакоски со врзани раце, додека сторителите успеваат да го напуштат возилото и да се оддалечат во непознат правец.

Акцијата за запирање на возилото е реализирана координирано од повеќе служби на српското МВР, меѓу кои Управата за криминалистичка полиција, Службата за сузбивање криминал, Службата за борба против тероризам, Жандармеријата, Специјалната антитерористичка единица, сообраќајната и граничната полиција, како и полициските единици на град Белград.

Од српското МВР информираат дека оштетениот е згрижен, на местото на настанот е извршен увид, а полициските службеници продолжуваат со интензивна потрага по извршителите. Вишото јавно обвинителство во Белград го квалификува делото како киднапирање, а истрагата за целосно расветлување на случајот е во тек. објави Скопје1.мк

РЕКЛАМИ: