
| Getting your Trinity Audio player ready... |
Познатиот виолончелист Stjepan Hauser ги изненади своите фанови со одлуката да ги откаже сите концерти планирани за 2026 година поради здравствени проблеми.
Хаусер се огласи преку социјалните мрежи и објави дека неговата состојба бара итна грижа и одмор, поради што мора да направи пауза од настапите.
Во својата порака до фановите, тој истакна дека ова е тешка одлука, но дека здравјето мора да биде на прво место, додавајќи дека станува збор за привремена состојба и дека е целосно посветен на закрепнување.
Музичарот нагласи дека вложил многу труд, време и енергија во подготовките за концертите, што дополнително ја прави оваа одлука болна и разочарувачка и за него и за неговата публика.
Тој им се извини на сите кои планирале да присуствуваат на неговите настапи и им се заблагодари за поддршката, трпението и разбирањето, изразувајќи надеж дека наскоро повторно ќе се врати на сцената.
Иако ситуацијата ги загрижи неговите обожаватели, Хаусер порача дека останува оптимист и дека ќе се врати на музиката веднаш штом неговата здравствена состојба тоа ќе го дозволи.






