Home INFO Стинг „удри“ по Мундијалот: “Светското првенство е премногу обележано со национализам“

Стинг „удри“ по Мундијалот: “Светското првенство е премногу обележано со национализам“

реклама:Велигден со Стаф

Британскиот музичар во инревју за германски Welt am Sonntag открива дека го сака фудбалот , но воопшто не го интересира Светското првенство .

Стинг изјави дека повеќе сака клупски фудбал отколку националистички турнир што го организира корумпираната ФИФА. Стинг , кој важи за голем навивач на Њукасл ги изненади сите со изјавата против ФИФА.

,,Повеќе сакам да гледам клупски фудбал , Светското првенство е премногу обележано со национализам.”, изјави легендарниот музичар.

Тој во кусото интервју кажа и зошто е против ФИФА која на чуден начин го доделила Светското фудбалско првенство да го организира Русија.

,,Беше тоа фарса, веднаш по кандидатурата се појави човек наречен Путин и се среди работата.”, прокоментира Стинг.

Со победата над Шведка , Англија по прв пат по 28 години игра во полуфинале .

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------