Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Тинејџерките во шок! На романтична вечера Бибер ја запроси својата девојка

Тинејџерките во шок! На романтична вечера Бибер ја запроси својата девојка

реклама:Велигден со Стаф

Хејли Род Болдвин (21) беше снимена на Бахамите со голем дијамантски прстен на нејзината рака, што очигледно докажува дека американскиот модел, и ќерка на холивудскиот актер Стивен Болдвин (52), се верила за пејачот Џастин Бибер (24).

Како што пренесува „Mirror“, канадскиот пејач за побарал Хејли за време на романтичен одмор, во преполн ресторан.

„Во еден момент сите гости беа замолени да не ги користат своите мобилни телефони … Никој не знаеше што се случува, а потоа Џастин го постави судбинското прашање …“, прераскажале очевидци за медиумот.

Инаку, моделот и пејачот се во врска околу еден месец, но тие се знаат со години. И претходно на неколку наврати беа пар, но ова само кратки романси, бидејќи Бибер секогаш се враќаше на поранешната девојка, колешката Селена Гомез (25).

Таткото на Џастин Џереми индиректно честиташе на младата двојка на Инстаграм.

– Горд на својот син! Со задоволство го очекувам новото поглавје во неговиот живот!, напишал тој на социјалната мрежа.

@justinbieber Proud is an understatement! Excited for the next chapter!

A post shared by Jeremy Bieber (@jeremybieber) on

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------