Home INFO Судскиот спор со Џони Деп и направи проблем: Амбер Херд исфрлена од...

Судскиот спор со Џони Деп и направи проблем: Амбер Херд исфрлена од Аквамен

реклама:

Јавноста ширум светот со денови е во тек со судскиот спор кој го водат Џони Деп и неговата бивша сопруга Амбер Херд.

Застрашувачки детали од нивниот брак, вклучувајки насилство, сексуално злоставување и дрога излегоа на виделина.

Џони Деп ја тужи Амбер за клевета, а голем број луѓе се на негова страна. Деп оваа недела изјави на суд дека бил шокиран кога слушнал за обидот за откажување на неговото учество во петтото продолжение на „Pirates of the Caribbean“, откако Херд за медиумите наведе дека е жртва на злоставување, но не го именуваше директно нејзиниот поранешен сопруг.

„Деп наведе дека таа двапати го удрила во главата и го гаѓала со шише вотка, по што останал без горниот дел на прстот. Тој засекогаш ќе ги има тие лузни. Исто така, Херд во 2009 година беше уапсена поради злоставување на поранешната партнерка Тасија Ван Ри“, вели Ларсон.

По изнесените детали на судските рочишта, во јавноста се појави петиција која јапотпишаа повеќе од 3 милиони луѓе а со која се бара Амбер да биде исфрлена од актерската екипа на „Aquaman and the Lost Kingdom“.

Џенин Ларсон која ја отпочна петицијата вели дека Херд е злоставувач и дека откажувањето на нејзиното појавување во „Aquaman and the Lost Kingdom“ би спречило „нејзиното злоставување да се глорифицира“.

Откако започна петицијата, ќе глуми помалку од 10 минути во новото продолжение .

За потсетување, во првиот дел, 36-годишната Херд ја играше принцезата Мери – хероината во која е вљубен Аквамен (Џејсон Момоа).

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------