
| Getting your Trinity Audio player ready... |
Пејачот потврди дека неговата избраничка е бремена и призна дека извесен период се обидувале да ја сокријат убавата вест од јавноста.
„Се трудевме некое време да го чуваме тоа во тајност додека не биде сè како што треба. Не знаеме како информацијата излезе во јавноста, но сега нема смисла да демантирам нешто што е вистина. Многу сме среќни и со нетрпение го очекуваме нашето бебе“, изјави Ковачевиќ.
Според српските медиуми, Зорана по склучувањето на бракот го земала презимето на својот сопруг, па отсега ќе се презива Ковачевиќ. Невестата блескала во бела венчаница, додека Саша не ја криел среќата на најважниот ден во нивниот живот.
Пејачот откри и на кој пол на бебето најмногу се надева. Иако смета дека би било убаво да добие син кој ќе го продолжи семејното презиме, признава дека има посебна желба.
„Би сакал да добијам девојче. Вљубен сум во мојата Искра и целиот процес на нејзиното растење беше прекрасно искуство за мене. Но, без разлика дали ќе биде девојче или момче, ќе бидам пресреќен“, рече тој.
Инаку, Искра е ќерката на Зорана од нејзиниот прв брак. Саша често истакнува дека ја прифатил како свое дете уште од нејзината втора година и дека меѓу нив постои силна и искрена врска. Сега семејството со нетрпение го очекува доаѓањето на новиот член.






