Home INFO Светот се простува со Зомби Бој

Светот се простува со Зомби Бој

реклама:Велигден со Стаф

Познатиот модел Рик Генет, карактеристичен по многубројните тетоважи на своето тело почина на 32 годишна возраст.
Канаѓанецот познат под уметничкото име „Момчето Зомби“ (Zombie Boy) се прослави во 2011 година во спотот „Born This Way“ на Леди Гага.

Телото на Рик го пронашле во неговиот стан во Монтреал, Канада.

Леди Гага, со која се спријателил по соработката, е скршена од тага. Во објавата на Твитер открила дека канадскиот модел извршил самоубиство.

„Мора повеќе да работиме на тоа да се внимава на менталното здравје и да им се помогне на луѓето кои имаат проблеми. Ако сте депресивни, повикајте член од семејството или пријател уште денес. Мора да се чуваме едни со други“, рекла пејачката.

Рик својата прва тетоважа ја направил на 16 години, а до својата 19 година веќе целото тело му било прекриено со тетоважи.
Кога имал 15 години му бил отстранет тумор на мозокот. Тогаш помислил дека ќе умре, а потоа, како што рекол се вљубил во зомби и сакал да „стане еден од нив“.

Прекарот „Момчето Зомби“ му го дале пријателите, а поради тетоважите се наоѓа и во Гинисовата книга на рекорди, бидејќи на телото имал истетовирано 176 инсекти.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------