Home INFO Тага во домот на Кардашијан, мајката Крис Џенер откри дека има тумур

Тага во домот на Кардашијан, мајката Крис Џенер откри дека има тумур

реклама:G Natural

Семејството Кардашијан се прослави со своето реално шоу за кое е одговорна мајката Крис Џенер чија што идеа да го екранизира нејзиниот живот со сите членови од семејството во реално шоу се покажа успешна до ден денеска.

Дека ова семејство сеуште привлекува внимание покажува фактот дека сеуште се емитуваат нови сезони од реалното шоу.

Во трејлерот за новите епизоди може да се забележи дека ќе биде навистина драматично но и тажно со оглед на тоа дека Крис Џенер му соопштува на семејството дека има рак.

– Пронајдоа циста и мал тумор – рекла таа, а следната сцена е Кајли (26) која се гледа како неконтролирано плаче.

Она што веднаш го забележаа сите фанови е дека Клои Кардашијан минатата година во ова време и откри на јавноста дека боледува од меланом. Најлошо од сè, таа веруваше дека можеби се работи за акни, но како што состојбата се влошуваше, беше јасно дека се работи за нешто многу полошо.

Моменталната состојба на здравствената состојба на Крис засега не е позната, но се верува дека таа самата наскоро ќе и се обрати на јавноста, каде што детално ќе објасни сѐ.

Нејзината дијагноза на тумор доаѓа само еден месец по смртта на сестрата на Крис Џенер, Карен Хатон, која ненадејно почина од причини што семејството Кардашијан-Џенер не ги откри.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------