Home INFO Танчерки,манекенки и сексипил:Погледете го новиот спот на Кристина Поп

Танчерки,манекенки и сексипил:Погледете го новиот спот на Кристина Поп

реклама:Велигден со Стаф

До сега ја знаевме како Кристина Поптрпева, а од сега ќе заплива и во музичките води под името Кристина Поп! Оваа млада манекенка навистина неуморно и амбициозно ги искачува естрадните скалила.

Кристина има многу успеси зад себе. Таа во 2018 во главниот град на Либан, Бејрут ја освои титулата Мис Европа, а пред само неколку дена ги освои титулите Best catwalk и Мис Талент во Турција. Има соработувано со најврвните фотографи од Македонија и Балканот, и со многу модни куќи.

Но, ако до сега нѐ освојуваше со својот шарм, сега Кристина Поп ќе нѐ освојува со својот прекрасен глас. Иако има направено неколку музички кавери, ова е нејзина прва авторска песна. Насловот на песната е „Никад доста“. Кристина се реши за песна на српски јазик, бидејќи планира својата музичка кариера да ја гради на ниво на Балканот.

Во спотот можеме да ја видиме во прекрасно, секси и провокатнивно издание, но истовремено дамски и женствено. Кристина во видео записот се појавува заедно со уште две наши прекрасни атратктивни манекенки, Бојана Нушкова и Андријана Илиоска.

Во некои кадри на Кристина и се придружуваат и две танчерки од групата Сонриса кои заедно со Кристина изведуваат сексипилен танц.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------