Home INFO Тешки денови за Амбер Херд: Останува без пари и кариера?!

Тешки денови за Амбер Херд: Останува без пари и кариера?!

реклама:G Natural

Јавноста ширум светот со денови беше во тек со судскиот спор кој го водеа Џони Деп и неговата бивша сопруга Амбер Херд.

Застрашувачки детали од нивниот брак, вклучувајки насилство, сексуално злоставување и дрога излегоа на виделина.

Џони Деп ја доби тужбата кон Амбер за клевета, а тимот на Амбер најави жалба, бидејки актерката нема да може финансиски да ја поднесе оштетата која треба да ја плати.

По изнесените детали на судските рочишта, во јавноста се појави и петиција која јапотпишаа повеќе од 3 милиони луѓе а со која се бара Амбер да биде исфрлена од актерската екипа на „Aquaman and the Lost Kingdom“.

Џенин Ларсон која ја отпочна петицијата вели дека Херд е злоставувач и дека откажувањето на нејзиното појавување во „Aquaman and the Lost Kingdom“ би спречило „нејзиното злоставување да се глорифицира“.

Откако започна петицијата, ќе глуми помалку од 10 минути во новото продолжение .

За потсетување, во првиот дел, 36-годишната Херд ја играше принцезата Мери – хероината во која е вљубен Аквамен (Џејсон Момоа), а во јавноста се појавија гласини дека токму Џони издејствувал да ја добие оваа улога.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------