Home INFO Тест за работата на срцето: За колку време можете да искачте четри...

Тест за работата на срцето: За колку време можете да искачте четри спрата?

реклама:

Ова е еден многу едноставен тест со кој ќе си го проверите вашето здравје.

Доколку ви е потребно повеќе од минута и половина да се искачите на четврти спрат, би било добро да му се обратите на вашиот лекар, истакнува кардиолог на универзитетската болница Корунаи и автор на истражувањето.

Истражувањето било претставено на научен собир на Европското кардиолошко друштво. Додека траело истражувањето, 165 испитаници шетале или трчале на трака до исцрпеност, додека нивните метаболички еквиваленти (МЕТ) биле мерени. Учесниците кои се качиле по скали на четврти спрат (од прилика 60 скали) за помалку од 40 до 45 секунди, постигнале МЕТ од 9 до 10. Претходните истражувања покажале дека достигнување МЕТ од 10 е поврзано со ниска стапка на смртност. Учесниците на кои им требало 1,5 минута или повеќе за да се искачат по скали, постигнале МЕТ помал од 8, кој значи смртност од 2 до 4 проценти годишно.

Снимањето на функциите на срцето додека траеле тестовите, открило дека 58 проценти од учесниците на кои им требало повеќе од минута и половина да се искачат по скали, имале абнормални функции на срцето.

Врз основа на овие истражувања, способноста за искачување по скали може да се користи и како груб начин за процена на нечија физичка функција, која може да го предвиди целокупното здравје на срцето.

Сепак, тие груби проценки не можат да го заменат вистинскиот физички преглед и лекарски тест за работа на срцето.

Многу лекари го користат тестот со искачување по скали, поради процена на здравјето на срцето, со обзир на тоа дека ова е вежба која релативно брзо ја забрзува работата на срцето.

Доколку постои проблем како што е стеснување на срцева артерија, симптомите како што се болка во белите дробови или отежнато дишење, луѓето ќе ги добијат при високи фреквенции на работата на срцето.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------