Home INFO Тест за срце: За колку време можете да искачите четири спрата?

Тест за срце: За колку време можете да искачите четири спрата?

реклама:Велигден со Стаф

Ова е еден многу едноставен тест со кој ќе си го проверите вашето здравје.

Доколку ви е потребно повеќе од минута и половина да се искачите на четврти спрат, би било добро да му се обратите на вашиот лекар, истакнува кардиолог на универзитетската болница Корунаи и автор на истражувањето.

Истражувањето било претставено на научен собир на Европското кардиолошко друштво. Додека траело истражувањето, 165 испитаници шетале или трчале на трака до исцрпеност, додека нивните метаболички еквиваленти (МЕТ) биле мерени. Учесниците кои се качиле по скали на четврти спрат (од прилика 60 скали) за помалку од 40 до 45 секунди, постигнале МЕТ од 9 до 10. Претходните истражувања покажале дека достигнување МЕТ од 10 е поврзано со ниска стапка на смртност. Учесниците на кои им требало 1,5 минута или повеќе за да се искачат по скали, постигнале МЕТ помал од 8, кој значи смртност од 2 до 4 проценти годишно.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------