Home INFO Тик Ток конечно со ограничување за малолетниците

Тик Ток конечно со ограничување за малолетниците

реклама:Велигден со Стаф

По сите реакции и критики на сметка на се поголемото лошо влијание на оваа социјална мрежа врз младите конечно Тик Ток најавува промени во корист на родителите.

„Тик-ток“ воведува голема промена. Апликацијата, која е најпопуларна меѓу младите, во наредните недели ќе постави ограничување од 60 минути дневно за корисници на возраст под 18 години.

Ако малолетниците го надминат овој временски лимит, ќе мора да внесат лозинка за да продолжат да ја користат услугата тој ден. Сепак, тие ќе имаат опција да ја исклучат оваа функција.

Од „Тик-ток“ соопштија дека ја воведуваат промената за да им помогне на луѓето да следат колку часови дневно поминуваат пред екран.

Тие објаснија дека новото ограничување доаѓа откако минатата година беше воведено барање за да се охрабрат тинејџерите самите да го контролираат своето време пред екранот.

Корисниците на платформата мора да имаат најмалку 13 години, а како дел од новата функција, секој помлад од 18 ќе добива неделно известување со преглед на времето поминато пред екранот.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------