Home INFO “Тоа е страшно, ме повреди”: Ким Картал за сценариото на Сексот и...

“Тоа е страшно, ме повреди”: Ким Картал за сценариото на Сексот и градот

реклама:Велигден со Стаф

Нејзината улога на Саманта во „Сексот и градот“ им беше омилена на милиони жени ширум светот.

Во интервју за „Variety“, актерката Ким Картал откри зошто не се појави во продолжението на серијата „And Just Like That“.

„Никогаш не ме прашаа да се приклучам во серијата „And Just Like That“. Мислам дека прилично јасно дадов до знаење дека не сум за такви работи откако постоеше можност за трет филм од „Сексот и градот“. Токму затоа за серијата дознав како и сите останати, преку социјалните мрежи“, открива актерката.

Актерката откри дека не била задоволна од сценариото за третото продолжение на „Сексот и градот“.

Наводно, според замислата на режисерите, 14-годишниот син на Миранда Хобс требало да испрати фотографија од својот полов орган на пријателка на мама, односно на Саманта.

„Тоа е страшно. Ме повреди. Зошто Саманта не можеше да биде во тешка финансиска криза по 2008 година, кога повеќето луѓе тешко се справуваа со кризата. Зошто не беше принудена да ја продаде својата ПР компанија. Тоа е реалноста. Тоа е реалност, сценарио кое на некој начин би ме привлекло и кое моите агенти го предложија, наместо приказната некој тинејџер да ми испрати негови голи слики“, изјави таа.

Таа се осврна и на нејзиниот однос со останатите актерки од серијата, Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис.

„Мислам дека бевме колешки. Моите колеги не мора да ми бидат и пријатели. Сето тоа беше професионално”, заклучила Ким.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------