АУДИО ВЕСТ:

| Getting your Trinity Audio player ready... |
Работник загина откако бил тешко повреден при поставување на сцена за јавен концерт на колумбиската ѕвезда Шакира во Рио де Жанеиро, соопштија локалните служби, а пренесе „Ројтерс“.
Според противпожарната бригада, несреќата се случила за време на монтажата на сценската конструкција, кога работникот бил заробен во систем за подигање.
Како што наведуваат очевидци, тој претрпел сериозни повреди на долните екстремитети поради силно притискање, по што подлегнал на повредите.
Концертот на Шакира е закажан за сабота и е дел од голем јавен настан на плажата Копакабана, кој традиционално привлекува милиони посетители и љубители на музиката.
Надлежните засега не соопштија дали трагедијата ќе влијае врз одржувањето на концертот.
РЕКЛАМИ:






