Home ЗАБАВА Занимливости Тренерот од Тајланд со писмо се извинил на родителите, еве што напишал...

Тренерот од Тајланд со писмо се извинил на родителите, еве што напишал тој…

реклама:G Natural

Акапол Чантавонг, 25 годишниот фудбалски тренер од Тајланд, кој повел 12 деца од својот клуб во истражување на пештера, според мислењето на многумина е главниот виновник за оваа несреќа.

Но на социјалните мрежи многу од корисниците од Тајланд и остатокот од светот застанаа во негова одбрана, давајќи му заслуга за вниманието и утехата на децата во текот на последните 15 дена кои ги поминаа заедно во поплавената пештера.

„Со 25 години, овој тренер и самиот е уште дете. Но очигледно бил голема инспирација за дванаесетте деца чиј морал, изглед, никогаш не паднал и покрај сите потешкотии низ кои поминаа. Голема почит за овој тренер“ – напиша една корисничка на Твитер.

Еден друг корисник на оваа социјална мрежа открил дека Акапол го изгубил семејството уште како дете. После оваа трагедија заминал, но сепак се вратил и на крајот “целиот свој живот го посветил на тренирањето деца“.

„Одржа 12 деца во живот без храна и светло 9 дена. Тој утре последен ќе излезе, а има само 25 години. Не заборавајте на него“ – додаде тој.

Во писмо им се извини на родителите

Неговата тетка Ампорн Свиричаи исто така јавно се зазема за него, тврдејќи дека тој е добра личност и оти не сакал да ги доведе децата кои ги водел во оваа опасна ситуација. Во разговор за „СиЕнЕн“, Ампорн објаснила дека Акапол останал сираче на само 10 години и оти искусил “многу непријатности“.

Во акцијата за спасување, која започна после повеќедневните подготовки, денеска и вчера беа извлечени осум деца, а уште четири и тренерот и понатаму се наоѓаат во пештерата.

Акапол во пештерата напишал и писмо за својата тетка и баба кои го одгледале кога останал без родителите, испраќајќи го преку спасувачите.

„Не се грижете премногу за мене. Чувајте го своето здравје. Ве сакам“.

Напишал и писмо за родителите на децата кои со него останаа заробени во пештерата, молејќи ги да му простат за неговата непромисленост. Писмото го објави „СиЕнЕн“.

„Драги родители,

Сите деца се добро. Тука има луѓе кои навистина добро се грижат за нив. Ви ветувам дека ќе се грижам за децата најдобро што можам. Ви благодарам на поддршката. Навистина ми е жал“ – напишал младиот тренер.

А еве го и одговорот на родителите:

„Драг Ако

Ние, родителите на членовите на фудбалскиот клуб, веруваме во тебе и твојот дух, веруваме дека добро си се грижел за нашите деца. Само сакаме да знаеш дека ова не е твоја вина. Ние не те обвинуваме и само сакаме и ти да не се обвинуваш себе си. Ја разбираме ситуацијата која се случи и те поддржуваме. Ја цениме твојата поддршка и грижа за нашите деца. Ги чекаме вестите кога сите ќе излезете од пештерата на сигурно, што побрзо тоа подобро“ – стои во писмото на родителите.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------