Home INFO Трикови за манипулација со кои ќе добивате се

Трикови за манипулација со кои ќе добивате се

реклама:Велигден со Стаф

Не е лесно луѓето да го прават она што вие го сакате. Но, со помош на овие трикови ќе го правите тоа без проблем.

1. Боја
Дали некогаш сте се прашале зошто некои брендови одбираат одредена боја за своето лого? Сетот тоа е од психолошка природа. Нашиот мозок поврзува одредени емоции со одредена боја.

Жолта – супер расположение

Портокалова – среќа

Црвена – внимание

Виолетова – паметно

Сина – сила

Зелена – мир

Сива – баланс

Затоа, кога сакате да инспирирате да го направи она што ви е потребно, облечето нешто сино и додајте некој црвен или жолт детаљ. Доколку имате намера некого да фасцинирате на работен состанок, одберете виолетова облека, а кога ви претстои разговор за помирување, облечете се во зелено.

2. Комплиментите прават чуда
Кога сакате да му дадете комплимент на дете, подобро е да се фолкусирате на трудот кој го вложило за да го постигне резултатот, отколку на неговата интелигенција. Истражувањето покажало дека е подобро кога ќе му кажете „сигурно многу си се потрудил за ова“, отколку кога ќе му кажете „колку си паметен“.

3. Искреност и очи
Ако некого гледате во очи, помала е веројатноста дека ќе ве излаже, покажале бројни истражувања. Затоа, кога сакате некој нешто да ви открие, правете го состанокот лично и гледајте го право в очи

4. Внимателно изговарајте „Ти“
Докажано е дека изговорот на овој збор многу ги нервира луѓето додека се караат. Избегнувајте да ги користите кога влегувате во некоја жестока дискусија со некого. Подобро обратете се со неговото име, тоа ќе го омекне.

5. Како луѓето секогаш да ви велат: „Да“
Кога барате нешто од некого, задолжително климајте со главата. Во човечкиот мозок постојат минорни неврони кои ни помагаат да ги имитираме акциите на другиот. Ако личноста почне да клима со вас, ќе почне и да се согласува.

Кога мора да барате голема услуга, почнете прво со некое помало барање. Додека, ако барате мала, почнете со нешто поголемо, па кога ќе го побарате малото, ќе делува како нешто едноставно и лесно во однос на другото.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------