Home INFO Ученичка во основно училиште на часот по физичко го скршила вештачкиот нокт,...

Ученичка во основно училиште на часот по физичко го скршила вештачкиот нокт, родителите го обвинуваат училиштето

реклама:Велигден со Стаф

Ученичка во едно основно училиште во Словенија за време на часот го скршила својот вештачки нокт на часот по физичко воспитување. Иако мислите дека ова е најстрашното во целата приказна тоа што ученичката во основно има вештачки нокти не е така.

Девојчето на часот по физичко за време на вежбите со дофрлување на топка го скршила вештачкиот а со тоа и вистинскиот нокт под него.

Според пишувањето на медиумите во Словенија родителите се жалеле на училиштето со тврдење дека нивната ќерка има право да носи вештачки нокти и дека за повредата е виновна наставничката.

Позната адвокатка Нана Вебер за магазинот „Правна пракса“ изјавила дека родителите се одговорни за девојчето и дека тие одбираат што девојчето ке носи во училиште вештачки нокти.Но во законот за основно образование е убаво наведено дека училиштето треба да го одреди својот куќен ред во внатрешноста на објектот и да обезбеди мерки за сигурност и одржување на редот.

Дали родителите заборавија што е поентата на училиштето ?

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------