Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Умерено и со стил Цеца и возврати на Карлеуша по прозивките кон...

Умерено и со стил Цеца и возврати на Карлеуша по прозивките кон неа и колегите

реклама:G Natural

За естрадната војна меѓу Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша веќе сите знаат и постојано ги читаме нивните меѓусебни препирања.

Иако имаше период кога Карлеуша постојано ја напаѓа колешката без таа да и врати, сепак има и такви ситуации кога Цеца ќе прокоментира нешто поврзано со негативните коментари кон неа од колешката и повторно се разгорува расправијата.

Без посебна провокација веројатно само заради медиумско внимание Јелена по издавањето на својот нов албум во своите гостувања без влакна на јазикот и жестоко нападна повеќе колешки и нормално во таа група ја стави и Цеца.

Зборувајќи дека новите хитови на колешките се застарени и треш во едно од последните интервјуа Карлеуша ја нападна и Александра Пријовиќ која има одлични распродадени концерти во Србија и Хрватска, на што Цеца забавувајки се како гостинка на еден од концертите прокоментира:

– „Дојдов да ја поддржам оваа треш музика што луѓето ја сакаат и да бидам како во 2001 година – рече таа иронично и со тоа го напиша продолжението на историјата во нивниот и онака епски конфликт.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------