Легендарниот пејач Предраг Живковиќ Тозовац вчера бил хоспитализиран заради компликации од корона вирусот.
Откако сите балкански медиуми ја пренесоа веста за неговата тешка здравствена сстојба тој смогна сили и даде своја изјава:
„Точно е дека завршив во болница поради коронавирус, но многумина во моментов се борат со овој проблем. Веќе не е никаква голема вест дека некој е позитивен на коронавирусот, туку дека е негативен“, изјавил Тозовац од болница.
Тој додал дека иако ситуацијата е сериозна тој сепак е оптимист дека ќе се спаси за кратко време.