Home INFO Вчера се одржа првата полуфинална вечер на Евровизија, сите три земји од...

Вчера се одржа првата полуфинална вечер на Евровизија, сите три земји од поранешна Југославија влегоа во финалето

реклама:G Natural

Сите три земји од поранешна Југославија, Србија, Хрватска и Словенија влегоа во финалето на „Евровизија“, по учеството во првата полуфинална вечер на 68. по ред музичко натпреварување кое годинава се одржува во Малме, Шведска.

Од 15-те земји учеснички, во финалето влегоа десет, а освен Теја Дора од Србија, Бејби Лазања од Хрватска и Вероника од Словенија, в сабота во финалето одат и: Португалија, Украина, Литванија, Финска, Кипар, Ирска и Луксембург. За учесничката од Ирска, Бамби Реј Робинсон имаше најлоши критики на социјалните мрежи поради необичниот сценски настап кој беше наречен „хорор филм“.

Луксембург се врати во натпреварувањето за првпат по 1993. Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора не учествуваат годинава поради финансиски причини.

Во второто полуфинале, кое ќе се одржи в четврток ќе настапат Албанија, Ерменија, Австрија, Чешка, Данска, Грција, Малта, Швајцарија, Белгија, Естонија, Грузија, Израел, Латвија, Холандија, Норвешка и Сан Марино.

Доколку сакате да ја погледнете првата полуфинална вечер кликнете на видеото подолу:

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------