Home INFO “Ве преколнувам, најдете ми го синот”! Мајката на исчезнатото момче пристигна на...

“Ве преколнувам, најдете ми го синот”! Мајката на исчезнатото момче пристигна на Халкидики

реклама:Велигден со Стаф

Мајката на Мартин, туристот од Македонија кој исчезна пред четири дена во морето на Халкидики, утрово од Солун се упатила кон Халкидики.

Таа вчера пристигнала од САД, каде била во посета на другиот син. Во состојба на шок, мајката ги замолила за помош волонтерите да сторат се што можат за да го најдат нејзиниот син, пренесуваат грчките медиуми.

– Ве преколнувам, најдете ми го синот. Сторете се што можете, ве молам – изјавила очајната мајка со солзи во очите.

Мартин е единствениот од трите момчиња кој сеуште е исчезнат во Егејското море откако влегле да пливаат на плажа во Посиди, а морските струи и брановите ги одвллекле далеку од брегот.

Првото момче беше најдено неколку часа по немилиот настан, а второто цели 19 часа подоцна.

Карајбрежната грчка стража сеуште е упорна во потрагата во која е вклучен и подводен дрон.

Погледнете колку далеку е пронајден вториот исчезнат Македонец на Халкидики

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------