
| Getting your Trinity Audio player ready... |
На 82-от Венециски филмски фестивал се одржа премиерата на филмот „Father Mother Sister Brother“, а парадата на познатите ѕвезди не нè разочара ниту овој пат.
Покрај гламурозните фустани и ненаметливите креации, вниманието на јавноста го привлече и едно лице – Георгина Родригез, свршеницата на фудбалерот Кристијано Роналдо.
Се чини дека славеничката атмосфера околу свршувачката сè уште ја „држи“ убавицата, а прстенот, кој чини помеѓу два и пет милиони долари, гордо е комбиниран со нејзините смели комбинации.
Имено, таа прошета по црвениот тепих во макси фустан од црна чипка, украсен со цветни детали и длабоко деколте. Покрај тоа, фустанот ги истакнуваше нејзините бујни гради и раскошни облини, а забележлива беше и нежната насмевка што им ја подари на љубопитните фотографи.

Својот стајлинг го комплетираше со скапа огрлица, таканаречен чокер, едноставни обетки и, секако, дијамантскиот прстен што го доби од својот сакан.





