Home INFO Вереникот на Бритни Спирс е ултра згоден, ова е неговата диета

Вереникот на Бритни Спирс е ултра згоден, ова е неговата диета

реклама:Велигден со Стаф

Сем Ашгари е млад актер и фитнес тренер кој светската популарност ја доби благодарение на врската со контроверзната поп пејачка Бритни Спирс.

Тој изгледа беспрекорно а неговото совршено тело се должи на напорни тренинзи и посебен режим на исхрана.

Сем не изгледал отсекогаш како суперхерој лик од филмовите. Во тинејџерските години, поради недостаток на финансии и разочаран од некои животни околности, тој се свртел кон лошите прехрамбени навики. Имал 130 килограми, но одлучил ова да го промени па драстично ги сменил животните навики.

Успеал да симне дури 50 килограми, а здравиот начин на живот му донел совршено обликувано тело поради кое добил и ангажман како актер.

Неговиот ден почнува во 7 часот наутро. Во 8 часот има кардио тренинг, а првиот оброк во денот задолжително му е богат со протеини. На пример појадува 5 јајца и зеленчук.

Никогаш не појадува јаглехидрати. Ручекот мy се состои од 25 проценти јаглехидрати, 25 проценти зеленчук и 50 проценти протеини.

По ручекот повторно има тренинг, по кој пие протеински шејк.

Многумина не знаат дека Ашгари во минатото работел како готвач. И денес , еднаш во неделата, вереникот на Бритни имал навика да се почести со нешто што сака, на пример бургер со компирчиња.

Воглавно сум дисциплиниран, здраво се хранам 95 проценти од времето, а 5 проценти со храната која ја посакувам – открил актерот во едно интервју за машки магазин за здравје.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------