Home INFO Ви се верува ли дека ова го има на вашата четка за...

Ви се верува ли дека ова го има на вашата четка за заби?

реклама:Велигден со Стаф

Остатоци од храна

Вечерата која ја јадевте вчера веројатно сè уште се наоѓа на вашата четка за заби… и сега е одлична храна за бактериите кои се веќе на вашата четкичка.

За да ги избегнете остатоците и бактерии, пред да ја користите четката измијте ја со вода или антибактериска течност за плакнење уста.

Влага

Влагата е една од најстрашните работи што ги имате на четката за заби, бидејќи таа го поттикнува развојот на бактериите. Процентот на бактерии се намалува по 24 часа, а тоа се случува кога четката за заби ќе се исуши.

Затоа најдобро е да се користат две четки за заби. Уште една битна работа кога е во прашање влагата е тоа што не треба да ја покривате четката за заби, бидејќи така побавно се суши и бројот на бактерии е поголем.

Еscherichia Coli

Ако во вашата бања има лавабо и тоалет во неа, кога пуштате вода со отворен капак, големи се шансите да има фекална материја на сè што е во близина од 150 до 180 см. Бактериите од Еscherichia Coli летаат низ целата просторија. За да се заштитите од обаа бактерија менувајте ја четката на секој 3 месеци.

Stretpococcus Mutant

Оваа бактерија може да се најде на секоја четките за заби, бидејќи таа е одговорна за распаѓањето на забите.

За да се заштитие од оваа бактерија многу е битно каква четка користите, одберете четки со светли влакна и обични пластични четки, без гуменни делови.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------