Home INFO Видео: Во овој затвор Борис Бекер ја отслужува казната, додека неговата сопруга...

Видео: Во овој затвор Борис Бекер ја отслужува казната, додека неговата сопруга ужива топлес на јахта

реклама:

Пред неколку месеци, во Лондон, познатиот тенисер и тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер беше осуден на две и пол години затвор за лажен банкрот.

Затворот Вандсворт во кој престојува е викторијанска зграда стара 170 години, пренатрупана со луѓе и нападната со глувци.

Затворениците поминуваат повеќе од 22 часа дневно во трошни ќелии.

Според зборовите на Чарли Тејлор, главен инспектор на затворите, злоупотребата на дрога и проблемите со менталното здравје се многу присутни во овој затвор.

И додека Бекер е во затвор, неговата бивша, но сеуште легална сопруга ужива на јахта со своето ново момче. Папараци ја забележале Лили Бекер на јахта, во толку опуштена атмосфера, што во еден момент го соблекла горниот дел од костимот за капење и останала топлес, иако на јахтата наводно биле присутни повеќе пријатели и нејзиниот син.

Лили и Борис раскинале во 2018 година, но сеуште не ги потпишале документите за развод. По објавената пресуда за затајување на данок и финансиски малверзации, Лили отворено го поддржа Бекер.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------