
Српската актерка, Слобода Миќаловиќ, која беше нападната од непозната жена во центарот на Белград, заврши во Ургентниот центар каде подлежеше на низа детални прегледи, а за тоа време, нејзиниот сопруг, актерот Војин Четковиќ, беше дел од инцидент пред зградата на болницата.
„Иако никој од насобраните медиуми не го вознемируваше и не го испрашуваше, Војин Четковиќ на големо и непријатно изненадување реагираше крајно бурно и грубо, па и пријде на новинарка и и го грабна телефонот од рака“, пишува српски Телеграф.
„Вратете ми го телефонот, тоа е мој личен телефон, немате право да ми го одземете!“, беа зборовите на новинарката, а актерот не и го предаде, туку го фрли на земја.
Познатата српска актерка, Слобода Миќаловиќ, како што пренесуваат српските медиуми, била нападната и повредена околу 19 часот, при физичка пресметка со С.Д. (47).
Според Телеграф, актерката и жената се степале на плоштадот „Караѓорѓев трг“ во Земун.
Расправијата прераснала во физичка пресметка, поради што и двете се здобиле со повреди.






