Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Викторија Бекам објави секси фотка од својот сопруг и собра милиони воздишки...

Викторија Бекам објави секси фотка од својот сопруг и собра милиони воздишки од жените во светот (фото)

реклама:Велигден со Стаф

Иако неодамна се “шушкаше” дека се разведуваат, изгледа кај Бекамови сè е како што треба. Викторија синоќа на својот Инстаграм профил објави фотографија од својот сопруг каде тој е без маица, со чаша вино и ужива на фламинго душек на базен.

Фотографијата за само 16 часа собра повеќе од милион “лајкови”, а бројката расте од час во час, но она што го напиша Викторија под фотографијата нема многу да Ви се допадне.

“Тој цело време ми вели дека се враќа дома, а сега му верувам”, напишала Викторија осврнувајќи се на познатата навивачка химна на Англија “Football”s coming home”, односно што во превод значи “Фудбалот се враќа дома”. Ние баш и не се согласуваме, но да го оставиме фудбалот и да се вратиме на Дејвид.

Познатиот поранешен фудбалер и на 43 години привлекува внимание и мами воздишки со своето извајано тело, а впечатокот не може да го расипе ниту оваа шарена гумена птица на која лебди. Поради тоа сите ѝ упатуваме едно големо благодарам на Викторија што нè почести со ваква фотографија и што нè поттикнува во среда да навиваме за Англија на фудбалското првенство.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------