По инцидентот на Оскарите, се појави снимка која докажува дека шлаканицата упатена кон Крис Рок не е прв инцидент на Вил Смит.
Имено, Смит во Москва, во 2012 година му удрил шлаканица и на украинскиот новинар Виталиј Седиук.
За време на интервју за филмот „Луѓе во црно 3“, новинарот се обидел да го бакне во образ Вил Смир, па овој видно изнервиран го плеснал и го оттурнал.
-По ѓаволите, човеку, што ти е проблемот? – го праша Смит новинарот пред да му удри шлаканица, а потоа им кажал на новинарите дека Виталиј имал среќа што не го удрил посилно.