Home INFO ВИРАЛНО ВИДЕО – куче влетало на фудбалски терен и ја украло топката...

ВИРАЛНО ВИДЕО – куче влетало на фудбалски терен и ја украло топката на играчите (видео)

реклама:

Кучињата обожуваат да си играат со топки, па кога ќе ги здогледаат не бираат ни време ни место за да си поиграат со омилената играчка.

Така едно „непослушно“, но преслатко куче ги насмеа навивачите на фудбалски натпревар кога среде игра втрчало на теренот, ја украло топката и започнало да си игра со неа.

Тоа не сакало да ја пушти топката ни кога еден од фудбалерите го зел во раце и започнал да го носи преку теренот.

Во еден момент кучето случајно ја испуштило топката, но не ја добило назад, иако играчите добиле нова топка за да ја продолжат играта.

Фудбалерот го предал кучето на редарот, кој потоа го извел надвор од теренот, а видеото од неговата „пакост“ стана хит на ТикТок и има речиси 25 милиони прегледи.

„Дајте му ја топката“, „На неговото лице нема ни трошка каење“, се пошегувале луѓето под видеото.

Додека го изнесувале кучето надвор од теренот, публиката го поздравила со громогласен аплауз и овации.

@fjerry

Legend

♬ original sound – FJerry

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------