Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Владо Јаневски замина во пензија, најави крај на настапите?!

Владо Јаневски замина во пензија, најави крај на настапите?!

реклама:Велигден со Стаф

Нашиот пејач и композитор Владо Јаневски од секогаш го предизвикувал вниманието врз себе со своите хитови но и со трачевите кои низ години го следат.

Својата соло кариера ја стартуваше во 1993тата година со објавување на неговиот прв албум „Парче душа“.

Има издадено 6 студиски албуми со големи хитови како „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“, „Еден бакнеж“ итн.

Секогаш на врвот на топ листите и со многу успеси зад себе Владо реши својата кариера односто настапи да ги заврши со неговиот последен настап во клуб во Прилеп.

Како што објави сопственикот на локалот, на самиот настап Владо изјавил дека тоа е последниот концерт кој тој го прави пред публика и дека повеќе нема да настапува.

Но сеуште официјално не се изјаснил дали станува збор за крај на настапите или воопшто повлекување од јавноста и музичката работа.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------