Home INFO Во 14.55 часот не работиме ништо

Во 14.55 часот не работиме ништо

реклама:Велигден со Стаф

Најнепродуктивниот дел од работниот ден е 14.55 часот.

Тогаш работниците проверуваат статуси на Фејсбук, очајнички варат кафе или бараат чоколадо за да си ја зголемат енергијата.

Од овој синдром најмногу страдаат админстративните пчелички кај кои полека опаѓа енергијата и желбата за работа.

Во ова време најактивни се сите на Фејсбук и Твитер, само за тоа имаат сила и енергија, за кликање со глувчето низ социјалните мрежи.

Истражувањето покажува дека во овој период од денот просечниот работник ја достигнува најнепродуктивната фаза од работниот ден.

Според анкетата спроведена во Британија врз 420 испитаници, во 14.55 или се на Фејсбук или ги планираат своите вечерни активности. Некои пак уште се одмараат од ручекот.

Еден од испитаниците, кои учествувал во анкетата на веб-сајт LondonOffices.com вели: „Штом часовникот отчука 15 часот, морам да признаам дека јас почнувам да планирам како да ја поминам вечерта“.

„Обично многу работам во утринските часови и ги завршувам повеќето задачи, но проблемот се јавува по ручекот, кога јас чувствувам дека му недостасува шеќер во крвта“, признава друг.

Од друга страна, работниците велат дека најподуктивно време во денот е 10:26. Во ова време тие проверуваат и одговараат на имеил пораки и го планираат работниот ден.

Во 16:16 вработените брзаат да ги довршат дневните задачи за да си заминат од работа на време.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------