Home INFO Во брачниот кревет му ставила измет: Бизарни детали од бракот на славниот...

Во брачниот кревет му ставила измет: Бизарни детали од бракот на славниот Џони Деп

реклама:Велигден со Стаф

За пикантериите од бракот на Џони Деп и актерката Амбер Херд со години се зборува во јавноста и во медиумите.

Тие се разведоа во 2015 година, а во 2016 та, актерот страдал од депресија кога пред очите му се рушеле професионалниот и приватен живот.

Амбер поднела барање за развод еден ден пред погребот на мајката на Џони, а тој бил соочен и со обвинувањата дека ја нападнал, но се негирал.

Деп за странски таблоид изјавил дека поранешната сопруга го казнила бидејќи тој пропуштил два часа од нејзината прослава на триесеттиот роденден, така што во брачниот кревет му ставила измет!

Оваа приказна беше потврдена од страна на нивната поранешна куќна помошничка, која рече дека Деп вознемирен излегол надвор од спалната соба во нивниот пентхаус во Лос Анџелес.

Амбер ова ужасно обвинување го отфрли, велејќи дека нивното куче Bу направило “мал проблем”.

“Тоа некогаш едноставно неможе да издржи и врши нужда каде што ќе стигне. Инаку тоа е честа појава кај кучињата. Ние неможеме ништо повеќе да изјавиме во овој момент”, рекоа од адвокатскиот тим на Хард.

Џони Деп и Амбер Херд се разведоа, откако актерката се согласи да ја повлече тужбата за семејно насилство во замена за седум милиони долари, кои нејзиниот поранешен сопруг ги уплати за хуманитарни цели.

Aдвокатите на Амбер Херд го обвинија нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп за сексуален напад додека актерот се обидува да ја докаже тужбата за клевета против неа.

Адвокатскиот тим на Џони Деп ја нарече Амбер Херд „лажгa опседната со својот имиџ“ во воведните аргументи на судењето за клевета меѓу поранешните сопружници.

Деп ја тужи Херд поради статија што таа ја напиша за „Вашингтон пост“ во 2018 година за преживеано семејно насилство иако таа не го спомнува Деп со име во написот.

58-годишниот Деп негира каква било злоупотреба и ја тужи својата поранешна сопруга барајќи отштета од 50 милиони долари.

Херд (35), пак, поднесе противтужба од 100 милиони долари.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------