
Посмртните останки на Александар Саша Поповиќ, кој почина на 1 март, пристигнаа денеска во попладневните часови на местото на неговото вечно почивалиште. Во најстрога тајност, необележано возило го пренесе телото на естрадниот маг и основач на „Гранд“ од Париз до Ново Бежанијско гробље, каде ќе биде погребан во четврток, на 6 март.
Ковчегот со телото на музичкиот револуционер Саша Поповиќ, според Курир, бил донесен со црно комбе, а откако биле завршени сите потребни документи, работниците го презеле од возачот.
Како што пишува Курир, специјалното возило од Париз патувало 28 часа, поаѓајќи од Онколошкиот институт Густав Руси, каде што естрадниот маг ги поминал последните часови. Како што беше случај во текот на целото боледување, семејството сакаше да ја зачува дискрецијата, па го довезоа далеку од очите на јавноста и затоа избраа компанија која има неозначени возила.
Неговата сопруга Сузана Јовановиќ, ќерката Александра, посинокот Данијел биле цело време во битката на Саша со болеста во Франција, од каде се вратиле неколку часа пред да биде донесено телото. Скршени од болка, со приватен авион, со заштитни маски и очила пристигнале во Белград. И ќерката Александра и посинокот Даниел имаа цело времи капи на главата. Веднаш од аеродромот „Никола Тесла“ семејството Поповиќ заминало на гробиштата Ново Бежанијско, каде што Сузана го избрала погребното место. Се чекаше нејзиното враќање за да се утврди каде ќе биде вечниот дом на зестрадниот маг.






