Секоја година големиот христијански празник Велигден се празнува на различни датуми.
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 30 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.
Од Министерството соопштуваат дека и Велигден, вториот ден на Велигден. понеделник 3 мај според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.