Home INFO Во проѕирни хеланки и градник Лејди Гага на прошетка со својот дечко...

Во проѕирни хеланки и градник Лејди Гага на прошетка со својот дечко низ делови на Холивуд (фото)

реклама:G Natural

Секогаш важела за скандалозна личност а тоа го покажува дури и кога е во опуштено издание и секојдневна прошетка на улица.

Пејачката Лејди Гага го издаде својот шести албум во петокот, дури 12 години по нејзиниот деби албум „Fame“ што ја лансираше во sвездената орбита.

Нема нови балади на новиот албум, а со тоа и музичката дива се враќа во нејзините денови за танц-попот.

Иако никој не се знае кога Лејди Гага повторно ќе биде на музичка турнеја поради епидемијата на коронавирус и забраните во многу делови на светот, вклучувајќи ги и Соединетите држави, 34-годишната пејачка изгледа не е загрижена.

Таа реши да ги развесели своите обожаватели и да го објави долгоочекуваниот албум, а потоа за прв пат во јавноста се појави во саботата. Во друштво на нејзиното момче Мајкл Полански, таа прошета низ делови од Холивуд во опуштено издание.

И Лејди Гага и нејзиното момче имаа маски за лице, а пејачката носеше необична комбинација. Црни проѕирни хеланки, само по црн градник, како и розов ранец на грбот. Сосема е различно од изданието што го видовме на почетокот на годината кога имаше розова коса. Бојата е целосно симната и сега е повторно русокоса, но со црн неисфарбан корен.

Лејди Гага изгледа го остави гламурозното издание за концерти, видео записи и за црвениот тепих.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------