Home INFO Северина утринава повторно на судење со нејзиниот бивш сопруг Милан, еве што...

Северина утринава повторно на судење со нејзиниот бивш сопруг Милан, еве што го шокираше нејзиниот адвокат…

реклама:Велигден со Стаф

Не поминува ден а хрватската пејачка Северина да не е актуелна во медиумите низ целиот балкан.
Таа утринава се појави на рочиштето во Општинскиот суд во Загреб, овој пат поради тужбата што против неа ја поднесе Милан Поповиќ.

Поп-пејачката пристигна придружена на својот адвокат Мате Матиќ, но другата страна не се појави па се’ се заврши брзо.

Меѓутоа, интересен беше податокот што српскиот бизнисмен го доставил до судот – неговата трета адреса на живеење во хрватската престолнина, непозната за адвокатот на Северина.

Имено, ова не е неважен податок земајќи предвид дека Милан и Северина водат борба за старателство над нивниот син Александар, кој веќе шест месеци живее со својот татко по одлуката донесена од страна на судот, па сега излегува дека бизнисменот има неколку адреси во Загреб.

Северина исто така дознала дека на Милан Поповиќ му е затворена сметката на која таа треба да му ја уплаќа алиментацијата, па сега има отворено сметка во друга банка.

Популарната пејачка не сакаше да ги коментира насловите за проблемите во бракот со Игор Којиќ, за кои исто така на големо се пишува последниве денови.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------