Home INFO Во време на филтри замислете се одржа првиот избор за убавина без...

Во време на филтри замислете се одржа првиот избор за убавина без шминка во Англија

реклама:

Наташа Бересфорд (26) е прогласена за прва победничка на изборот за убавина без шминка одржан во Англија.

Наташа се прошета на модната писта во едноставен бел фустан од тантела, а целиот изглед го заокружи со едноставни бисерни обетки. Според правилата на изборот за мис, на натпреварувачките не им e дозволено да се шминкаат.

По освојувањето на титулата Мис Лондон, таа ќе учествува на изборот за Мис на Англија подоцна оваа година.

Инаку, оваа 26-годишна девојка работи како медицинска сестра во стоматолошка ординација, а по победата, како што вели, се надева дека со оваа титула ќе ги инспирира младите жени и девојки ширум светот.

„Луѓето треба да ги прифатат нивните силни и слаби страни. Убавината е во едноставноста“, рече таа.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------