АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!

Водителот на „Ѕвездите на Гранд“ и долгогодишен соработник на Саша Поповиќ, Воја Недељковиќ со солзи во очите и растреперен глас вчера, 6-ти март, се простил од челникот на „Гранд“.
Неговите зборови, полни со тага, пренеле длабока почит и искрена посветеност на човекот со кој споделил долгогодишно пријателство и соработка. За потсетување, Саша Поповиќ почина на 1 март на 71-годишна возраст, по тешка и кратка битка со болеста.

– Ова не беше работа, тоа беше човечка приказна. Овде мора да се внимава сите работи да се кажат, но да не се расипува со тага. Требаше официјално да се збогуваме со него, а спомените ќе ги носиме со нас до крајот на животот – изјавил Воја по комеморацијата.

Многумина се прашувале што ќе биде со натпреварот „Ѕвездите на Гранд“ по смртта на Поповиќ, па Воја ставил крај на многуте шпекулации за овој ТВ-формат.

– Тој беше човек кој им даде можност на луѓето да ја следат неговата идеја и да се прилагодат. Тој беше на мислење дека треба да се почитуваат одредени идеи, но на луѓето им даваше слобода на однесување. Сигурно е дека што и да се случи следно нема да биде како со него, но неговиот белег и она што го замислил сигурно ќе трае, колку и да е потребно. Без разлика дали тоа е „Ѕвездите на Гранд“, или некој друг формат, ќе биде, ќе постои. Ќе се обидеме да има кој и да остане меѓу нас во сето ова да ја бара онаа нишка што тој ја дал во поставувањето на сето тоа – објаснил Воја Недељковиќ.

РЕКЛАМИ: