Home INFO „Волт Дизни“ им се приклучи на „Фејсбук“ и „Гугл“ во одлуката сите...

„Волт Дизни“ им се приклучи на „Фејсбук“ и „Гугл“ во одлуката сите вработени да се вакцинирани без разлика дали работат од дома или со физичко присуство

реклама:G Natural

Откако „Фејсбук“ и „Гугл“ соопштија дека мора сите нивни вработени да бидат вакцинирани во таа одлука им се придружи уште една компанија.

Имено и „Волт Дизни“ соопшти дека сите нивни вработени мора да се вакцинираат без разлика дали работат од дома или доаѓаат со физичко присуство.

Во офоцијалното соопштение на фирмата велат:

„Во компанијата Волт Дизни, безбедноста и благосостојбата на нашите вработени за време на пандемијата беше и продолжува да биде врвен приоритет. За таа цел, и врз основа на најновите препораки од научници, здравствени работници и наши медицински професионалци дека вакцината „Ковид-19“ обезбедува најдобра заштита од тешка инфекција, бараме сите наши вработени да бидат целосно вакцинирани.

Оние вработени кои се уште не се вакцинирани, а физички доаѓаат на работа, ќе имаат рок од 60 дена за да ги пополнат своите протоколи и целиот персонал кој се уште работи од дома ќе мора да дојде на проверка за вакцинација пред да се врати, со некои ограничени исклучоци “.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------