Пејачот Аца Лукас неодамна во изјава за српските медиуми конечно обелодени која е вистинската причина поради која си замина од „Ѕвездите на Гранд“.
Фолкерот вели дека се презаситил од таа работа и дека тоа е единствената причина поради која го напуштил натпреварувачкото музичко шоу.
Тој вели дека ни малку не жали поради таа одлука:
„Да ми недостасуваат „Ѕвездите на Гранд“ веројатно би бил таму. Премногу години бев дел од жирито и се заморив. Да останев веројатно немаже да го работам тоа со ист жар и не би бил така добар, а велат дека бев. Потребна ми беше промена и одмор“ – рекол Лукас.
РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------