Home INFO Временска прогноза: Есента пристигна како што доликува, со дожд и облаци!

Временска прогноза: Есента пристигна како што доликува, со дожд и облаци!

реклама:

Денес официјално настапи есен.

На првиот ден од ова годишно време, имаме облачно време со дожд, типично за овој период.

Метеоролозите за оваа среда најавуваат локален дожд кој на места ќе биде проследен со грмежи.

Нестабилното време ќе се задржи и утре, а максималните дневни температури ќе се искачат во интервалот од 24 до 30 степени.

Постабилно време се очекува во петок, а веќе во сабота нашата држава ќе ја зафати поголем влажен бран кој ќе услови поинтензивни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветар.

Време е да ги спремите вашите удобни џемпери!

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------