Home INFO ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Еве кога ни доаѓа снегот и во градовите!

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Еве кога ни доаѓа снегот и во градовите!

реклама:Велигден со Стаф

До самиот крај на оваа недела времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Снег ќе врне само на највисоките планински места и тоа особено на северозапад.

Локално врнежите ќе бидат ПОРОЈНИ и ОБИЛНИ (над 70 л/м2) со што е можна појава на локални поплавувања.

Особено утре локално ќе биде и нестабилно со интензивен пороен дожд, грмежи и силен јужен ветер. Ќе дува ЗАСИЛЕН, повремено СИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец (повремено со брзина од над 80 км/час).

Температурите ќе бидат високи за овој дел од годината и речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели истите се очекува да се искачат и до околу 18 степени.

Поголемо заладување на времето и врнежи од снег и на пониските места (градови) ќе има за време на викендот. Тогаш на планинските места ќе се формира позначителна снежна покривка (над 30 см) а помала снежна покривка ќе се формира понекаде и во градовите, – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски на напоменува дека снегот кој се очекува во градовите за време на викендот ќе биде мокар и краткотраен.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------