Home INFO ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Подгответе се за врнежи и нестабилно време

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Подгответе се за врнежи и нестабилно време

реклама:

Денеска од попладневните часовинè не очекува нестабилно време со пороен дожд на повеќе места, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

– Под влијание на влажен бран на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме.
Пороен дожд и грмежи ќе има и в понеделник. Повеќе врнежи во овие два дена ќе има во западните делови каде што локално се очекува да наврнат над 30 л/м2.
Потоа времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб локален дожд. Температурата ќе опадне за неколку степени – наведуваат од УХМР.

Во Скопската Котлина попладне ќе има пороен дожд, грмежи, засилен ветар и услови за краткотрајно невреме. Потоа ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и малку посвежо.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------