Home INFO Втора среќа за Џенифер Лопез и Бен Афлек, еве зошто раскинаа првиот...

Втора среќа за Џенифер Лопез и Бен Афлек, еве зошто раскинаа првиот пат

реклама:Велигден со Стаф

Познатата пејачка и актерка Џенифер Лопез, денес е во брак со Бен Алфлек, актерот со кого требаше да се венча уште во 2003 та година, но тогаш ненадејно ја раскинаа веридбата.

Џеј Ло и Бен Афлекс е запознале во 2002 година, а нивното познанство се претвори во емотивна врска.

И тогаш како и сега, парот константно беше следен од страна на медумите, кои им го дадоа прекарот „Бенифер“.

Во ноември 2002, Афлек ја запроси латино дивата со прстен вреден 2.5 милиони долари.

Но милионски вредниот прстен не помогна да се зачува врската, а свадбата која беше закажана на 14 септември 2003 година во Санта Барбара, беше откажана од страна на Бен Афлек и тоа само неколку часа пред да започне.

– Мислев дека нашата врска е бајка. Сонував за деца, а тој ме понижи како никој друг во мојот живот – призна Џенифер тогаш.

И Бен Афлек во интервјуата зборуваше за тоа како се гушел во таа врска и дека медиумите се виновни за нивното раскинување бидејќи постојано биле следени. Тој тогаш ја обвини Лопез дека му стагнирала кариерата поради врската со неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by jhecky❣🎧 (@jheckyjlover)

Останува времето да покаже дали овојпат, судбоносното ДА ќе значи заедно засекогаш!

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------