Откако вчера битолчани и сите кои беа дел од рок концертот уживаа во второто издание на Балкан гала и одличната изведба на рок хитовите од страна на Ристо Вртев, Гиле од Електрични оргазам, Ружица од Ареа, Пеце Суперхикс, Михајло Сак и Жарко Јакимовски придружувани од Камерниот оркестар на Битола вечерва нова можност за уживање со поп хитови.
Вечер во 20.30 часот на ракометното игралиште ќе настапат Ламбе Алабаковски, Тони Цетински, Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Горан Каран, Викторија Лоба, Александра Јанева и Виктор Апостоловски.