Home INFO Winamp се враќа со нови подобрени mp3 функции

Winamp се враќа со нови подобрени mp3 функции

реклама:G Natural

Откако пред четири години креаторите на Winamp најавија негово повлекување и прекин на нови надградби, голем дел од неговите корисници останаа разочарани.

Но стигна нова вест за фановите и корисниците на оваа програма.

Наскоро со подобрени надградби повторно ќе може да се симне како бесплатна програма.

Иако не изгледа драматично различно, програмерите тврдат дека новиот „Винамп“ е резултат на долгогодишна напорна работа што вклучува и многу нова развојна платформа. Софтверот има долга историја – стана познат во раната МП3-ера на преземање музика и го користеа сите – од домашни корисници до дигитални продавници, пред сѐ поради тоа што е едноставен за ракување.

Матичната компанија „АОЛ“ згасна во 2013 година, откако конкурентните апликации и стрим-услугите како „Спотифај“ и сл. ја заменија програмата.

Сепак, „Радиономи“ го врати „Винамп“ следната 2014 година како дел од развојот на неговите интернет-музички планови, а тимот вети „целосно ново искуство“, вклучувајќи „подкаст“ и „радио“ функции.

„Винамп“ ќе треба да се прилагоди на новите текови, бидејќи „стримот“ сега доминира во технолошкиот свет на музиката преку мобилните телефони и „паметните“ звучници… Сепак, кај многумина, се чини, ќе разбуди убава доза носталгија.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------