Home INFO За малку ќе ги снајдеше трагедијата на принцезата Дајана: Меган и Хари...

За малку ќе ги снајдеше трагедијата на принцезата Дајана: Меган и Хари со заедничко соопштение за јавноста!

реклама:Велигден со Стаф

Мајката на Хари, принцезата Дијана, почина во 1997 година откако се обиде да избега од папараците кои ја следеа додека возеше низ Париз.

Принцот Хари опширно пишуваше за смртта на неговата мајка во своите мемоари и неговиот гнев поради упадот на медиумите во животот на кралското семејство.

Притисокот од медиумите го чувствуваат сите членови на кралскотот семејство, но се чини особено е нагласен кај принцот, Хари и неговата сопруга, бившата актерка Меган Маркл.

Откако се повлече од кралското семејство и се пресели во Калифорнија во јануари 2020 година, парот постојано се жалеше на проблеми со медиумите.

Се чини овојпат папараците излегле од контрола. Имено, принцот Хари и Меган Маркл за малку ќе настрадале додека бегале од папараците, а славниот пар се огласи по срамниот инцидент.

„Иако да се биде јавна личност доаѓа со одредено ниво на јавен интерес, тоа никогаш не треба да биде по цена на нечија безбедност. Ширењето на овие слики, со оглед на средствата со кои се добиени, поттикнува многу наметлива практика која е опасна за сите инволвирани“, велат тие во заедничкото соопштение.

Портпаролот на двојката потврди дека за малку ќе се случела трагедија откако кралската двојка присуствувала на наградите Women of Vision, одржани во салонот за танцување Ziegfeld во Њујорк.

Во изјавата за Си-Ен-Ен, портпаролот на парот открил: „Синоќа, војводата и војвотката од Сасекс и г-ѓа Рагланд беа вклучени во речиси катастрофална бркотница со автомобил со многу агресивни папараци. Оваа потера, која траеше повеќе од два часа , резултираше со повеќекратни блиски промашувања во кои учествуваа други возачи на патот, пешаци и двајца полицајци“.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------